Кина: Уапсен јапонски државјанин поради шпионски активности

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека вработен во јапонската компанија „Астелас фарма“ е уапсен и е осомничен за шпионски активности.

Кинеските власти претходно овој месец објавија дека усвоиле строги мерки според кривичниот закон против поединци, потсети портпаролката на министерството за надворешни работи Мао Нинг.

„Овој јапонски државјанин е осомничен за шпионски активности“, рече Мао, додавајќи дека Кина ја известила јапонската амбасада во Пекинг, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини