Кина уапси новинарка поради наводно објавување на државна тајна

од Nikola Popovski

Кинеските власти официјално уапсија австралиска новинарла со кинеско потекло, Ченг Леи, кој работела на англискиот сервис на кинескиот канал CGTN, за наводно откривање државна тајна во странство, изјави денеска австралискиот министер за надворешни работи, Марис Пејн.

Австралиската новинарка, родена во Кина, била приведена пред шест месеци, но дури сега е покрената официјална кривична истрага против неа.

„Австралиската влада изрази сериозна загриженост за притворот на г-ѓа Ченг, но и за нејзината состојба и условите во притвор“, се вели во изјавата на Пејн, додавајќи дека очекува новинарката да добие основни права во согласност со меѓународните норми.

Се верува дека причина за апсењето е влошување на билатералните односи меѓу Австралија и Кина откако Австралија побара независна истрага за потеклото на коронавирусот, кој за првпат беше откриен во Кина.

Еден месец пред Ченг да биде приведена на 13 август, Австралија ги предупреди своите граѓани на ризик од произволен притвор од страна на кинеските власти.

Кина го критикуваше предупредувањето, нарекувајќи го „дезинформација“.

Слични содржини