Кина вети дека ќе му обезбеди на светот 2 милијарди вакцини против коронавирус

од Vladimir Zorba

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека неговата земја ќе се стреми да достави две милијарди дози вакцина против коронавирус на светот оваа година, и додаде дека ќе донира 100 милиони дози за најсиромашните земји.

„Кина ќе се стреми да му обезбеди на светот две милијарди дози вакцина против коронавирус во текот на годината“, рече Си во писмена порака прочитана на видео конференција за соработка во областа на вакцинацијата.

Кина, исто така, вети донација од 100 милиони долари за механизмот Ковакс.

Министерството за надворешни работи таму минатата недела објави дека Кина испорачала повеќе од 700 милиони дози на вакцина против коронавирус во други земји од почетокот на годината.

Слични содржини