Кина за Помпео: Луѓето како него не се ништо друго освен комични богомолки

од Stefanija Kuzmanovska

Мајк Помпео, еден од најжестоките противници на Кина во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ги помина последните денови на функцијата најавувајќи низа мерки против Пекинг пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Меѓу нив има и нови санкции против шест кинески официјални лица, вклучувајќи го и единствениот претставник на Хонг Конг во кинескиот парламент како одговор на неодамнешното апсење на 55 продемократски активисти според новиот закон за национална безбедност.

„Преминувањето на Хонг Конг од хаос кон стабилност е незапирливо“, соопшти канцеларијата на Хонг Конг и Макао во првата реакција на санкциите.

„Луѓето како Помпео не се ништо друго освен комични богомолки кои залудно се обидуваат да ги запрат тркалата на историјата“, велат од канцеларијата, повикувајќи се на една кинеска изрека за богомолки кои се обидуваат да запрат кочија со нозете.

Санкциите на САД „се политички трик откако ќе се потрошат сите други трикови“, соопшти канцеларијата повикувајќи го Помпео да ја заврши својата шоу програма.

Слични содржини