Кина затвора град со 13 милиони жители поради 143 нови случаи на корона

од Nikola Popovski

Кинеските власти наредија затворање на градот Сијан со 13 милиони жители поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Во Сијан се пријавени 52 нови случаи на зараза, а бројот на регистрирани пациенти во градот од 9 декември е 143. Жителите можат да ги напуштат домовите само доколку е потребно.

Едно лице по домаќинство ќе може да пазарува секој втор ден.

Властите одлучија да го затворат Сијан еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Фото: Shao Rui / Xinhua News / Profimedia

Слични содржини