Кина: Жена извлечена жива од под урнатини на зграда по шест дена

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачите во градот Чангша во централна Кина извлекле жива жена од урнатините на зградата која се урна речиси шест дена претходно, објавија денеска државните медиуми.

Неименуваната жена е 10-та преживеана во несреќата во која загинаа пет лица, додека десетици се водат како исчезнати.

Жената била свесна и ги советувала спасувачите како да ја извлечат за да не дојде до дополнителни повреди.

Слични содржини