Кинеска студија: Откриено како се однесува коронавирусот кога сте во близина на заразени без симптоми

од Nikola Popovski

Една кинеска студија покажала дека новиот коронавирус не се пренесува лесно од асимптоматски пациенти на други луѓе.

Студијата е спроведена на 455 лица кои биле во контакт неколку дена со лице позитивно на вирусот кое немало никакви симптоми на болеста.

Времето на контактот траел четири денови, односно пет за членовите на семејството.

За време на карантинот, кај седум пациенти и еден член на семејството се развила треска. Крвната слика кај повеќето од контактите била во нормалните граници, а не биле откриени сериозни респираторни инфекции.

Заклучено било дека ниту едно од 455-те лица не се заразило и дека инфективноста на некои асимптоматски носители на Ковид-19 е слаба.

Слични содржини