Кинеската ракета ќе падне на Земјата во текот на ноќта или раните утрински часови

од Vladimir Zorba

Остатоците од кинеската ракета лансирана минатата недела може да се врати во атмосферата во недела околу 5,30 часот по локално време, но постои можност тоа да се случи и до четири часа порано или подоцна, објави организацијата „Аероспејс корпорејшн“.

Кинеското Министерство во петокот објави дека остатоците од ракетата ќе изгорат пред да влезат во атмосферата и дека веројатно нема да предизвика штета.

Ракетата се очекува да падне помеѓу 41,5 степени северна и 41,5 степени јужна географска ширина.

Во „опасната зона“ се наоѓаат јужните делови на Северна Америка, Европа и Азија, потоа скоро цела Јужна Америка, цела Африка и Австралија.

Американската армија претходно соопшти дека американската вселенска команда го следи неконтролираниот повторен влез на кинеска ракета, пренесе Ројтерс.

Според предвидувањата на таа организација, влезот се очекува во близина на ново зеландскиот Нов остров, но, како што пренесува агенцијата, пад е можен насекаде.

Италијанската цивилна заштита ги предупреди жителите на јужните региони Умбрија, Лацио, Абруцо, Молизе, Кампанња, Базиликата, Апуља, Калабрија, Сицилија и Сардинија да останат „во затворено“ ноќта 8 спроти 9 мај бидејќи постои можност остатоците на кинески сателит, кој паѓа на Земјата без контрола, да завршат во тие италијански региони.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курча, цитирани од агенцијата Анса, постои мала веројатност делови од сателитот, дури и да паднат, да ги оштетат зградите, но на граѓаните им се препорачува да останат зад затворени врати околу 2,00 часот на 9 мај.

Според кинеските експерти, деловите треба да паднат некаде во морето, но постои и мала веројатност дека ќе завршат таму каде што не биле планирани.

Јадрото на ракетата висока 30 метри го лансираше модулот „Небесна хармонија“ во орбитата на Земјата на 29 април.

Потоа „Лонг Марч 5Б“ влезе во орбитата, што создаде можност за еден од најголемите неконтролирани влезови во атмосферата. Некои експерти стравуваат дека ракетата може да падне во населено место.

Дел од ракетата, според американската војска, орбитира околу Земјата на секои 90 минути со брзина од околу 27,600 километри на час на надморска височина поголема од 300 километри.

Слични содржини