Кинеската ракета паѓа во зона која завршува недалеку од БиХ и Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska

Делови од кинеската ракета Long March 5B се очекува да паднат на Земјата овој викенд, но поради нејзиниот неконтролиран лет, кој делумно минува низ горната атмосфера, тешко е да се процени каде и кога тоа ќе се случи.

Најдобрите објавени досега предвидувања дадоа приближно време, околу 5 часот наутро во недела по наше време, со можност за пад во кое било време во текот на 16 часа, пред или после тоа време.

Оваа ракета го лансираше првиот модул на идната кинеска вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) во орбитата кон крајот на минатиот месец. Откако ја заврши својата задача, ракетата продолжи да се движи неконтролирано во траекторија која ја приближуваше до атмосферата се повеќе и повеќе.

Ракетата Long March 5B спаѓа во категоријата тешки ракети, кои можат да подигнат до 25 тони товар во ниската орбита околу Земјата. Неговата прва фаза е тешка околу 11 тони кога е празна, што го прави еден од најтешките објекти што може да падне назад на Земјата во последните неколку децении.

Научниците веруваат дека дел од ракетата веројатно ќе изгори кога целосно се нурне во атмосферата, но деловите што имаат висока точка на топење – самите ракетни мотори, евентуално резервоари за гориво – може да паднат на земја во едно парче, пишува „Јутарњи. хр“.

Бидејќи е во елиптична орбита што минува помеѓу 41,5 степени северна географска ширина и 41,5 степени јужна географска ширина, се очекува да падне некаде во областа, што за среќа не ја вклучува БиХ и Хрватска, чии најјужни делови се наоѓаат на географска ширина од 42 33 степени (БиХ ) и 42 степени 22 минути северно (Хрватска).

Слични содржини