Кинеската вакцина доби дозвола за употреба во Србија

од Берта Китинска

Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) од Србија издаде решение за 100.000 парчиња вакцина од Кина, кое ги помина сите потребни тестови, дознава „Блиц“.Квалитетот на кинеската вакцина е потврден и може да се даде.

Денеска беше најавено дека Македонија ќе добие 8.000 вакцини од Србија, од производителот Фајзер.

Премиерот Заев утрово ја прифатил помошта од српскиот претседател Александар Вучиќ кој му се јавил и му  понудил вакцините да бидат донација, но државата ќе ги плати по набавна цена. Во меѓувреме ќе се проверат клаузулите за да се види дали може да се преговара и за други вакцини од соседна Србија.

Слични содржини