Кинеската влада апелираше до граѓаните: Направете ЗАЛИХИ на ХРАНА!

од Nikola Popovski

Кинеските власти ги предупредија своите граѓани дека треба да складираат храна и други потреби во случај на итни случаи. Според медиумите, ова може да биде последица на обилните дождови кои предизвикаа поскапувања и загриженост поради недостигот на бројни производи, но и поради потенцијалното воведување нови мерки поради „влошувањето“ на епидемијата во оваа земја.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за трговија се повикува „домаќинствата да имаат одредена количина основни намирници за да се задоволат секојдневните потреби и итни случаи“.

Сепак, официјалните лица не кажаа зошто е упатен апелот или дали на земјата и се заканува недостиг на храна.

Тие ги повикаа надлежните локални власти од затворените подрачја брзо да објават информации за тоа каде и како луѓето можат да купуваат основни намирници.

Според медиумите, цените на храната во Кина моментално се нестабилни и традиционално растат како што се приближува зимата.

Во Кина денеска се пријавени 71 нов случај на ковид-инфекција по 92 случаи во понеделникот, кога имаше најмногу заразени од средината на септември.

Слични содржини