Кинески амбасадор: Лондон ќе сноси последици заради односот кон „Хуавеи“

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија ќе мора да ги сноси последиците доколку ја третира Кина како непријателска земја кога ќе одлучува дали „Хуавеи“ ќе учествува во изградбата на британската телекомуникациска мрежа, изјави кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Шјаоминг, пренесува „Н1“.

„Сакаме да бидеме ваш пријател. Сакаме да бидеме ваш партнер. Но, ако сакате да ја направите Кина непријателска земја, ќе мора да ги сносите последиците“, рече Шјаоминг пред новинарите.

Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела изјави дека ќе постапи внимателно кога ќе донесува одлука за „Хуавеи“, затоа што владата не сака клучна инфраструктура да биде под контрола на „потенцијално непријателски државен трговец“.

Слични содржини