Кинески научници предупредуваат: Мачките најмногу подложни на коронавирусот

од Nikola Popovski

Студијата спроведена од научници од Ветеринарниот научно-истражувачки институт во Харбин, Кина, покажа дека мачките се подложни на Ковид-19 и може да се заразат едни со други, но не е утврдено дали тие можат да заразат луѓето.

Според студијата објавена на веб-страницата bioRxiv, група научници ја испитувале подложноста на ласиците и животните, кои се во близок контакт со луѓето.

„Откривме дека САРС-КоВ-2 слабо се пренесува на кучињата, свињите, кокошките и патките, а многу почесто на ласиците и мачки. Исто така, откривме и дека вирусот се пренесува на мачките преку пат на воздушни капки “, се вели во студијата.
Имено, заради брзото ширење на коронавирусот ширум светот, се повеќе се стравува дека миленичињата би можеле да бидат преносители на заразата и да ги инфицираат нивните сопственици.

Можеби сопствениците на мачки не мора да се грижат?

Во исто време, други научници, чие мислење беше објавено од списанието „Nature“, резултатите од истражувањето на кинеските експерти ги сметаат за прилично интригантни, но ги советуваат сопствениците на мачки да не се грижат.

„Резултатите се засноваат на лабораториски експерименти, во кои на мал број на животни им биле ставени високи дози на вирусот САРС-КоВ-2 и тие не покажале реална поврзаност помеѓу луѓето и нивните миленици“, истакна добро познатиот виролог, Линда Саиф од државниот универзитет во Охајо.

Според неа, наведено во списанието, нема директни докази дека заразените мачки можат да лачат доволно количество патогени , за да ги заразат луѓето со коронавирус.

Таа, исто така, истакна дека нивото на пренесување на вируси кај мачките не е особено високо и додаде дека се потребни повеќе истражувања во оваа област, вклучувајќи ги и оние кај кои мачките ќе добијат различни дози на вирусот за да утврдат дали можат да го пренесат на други мачки.

Слични содржини