Бегство од затвор слично на оној во филмскиот хит Бегството од Шошенко го снимиле безбедносните камери во Индонезија.
Имено, кинескиот нарко-бос Чаи Чангпанг (53), кој бил осуден на смрт, избегал од затворот Тангреанг недалеку од Џакарта.
Тој успеал да помине низ тесен отвор на канализација долг 30 метри, со тоа што претходно со шрафцигер ископал дупка во својата ќелија.
Чаи долго време работел на бегството, а пред тоа украл алати од работилницата во затворската кујна и ископал отвор широк само половина метар преку кој успеал да стигне до затворската канализација.
И сето тоа се случило во добро испланирано време, во моментот на промена на чуварите на затворот. Безбедносните камери го овековечиле моментот кога Чаи излегол од канализацијата, станал и исчезнал по улицата.
Polisi Indonesia wametangaza dau nono kwa atakayewezesha kupatikana kwa Chai Changpan Raia wa China ambaye ametoroka Gerezani baada ya kuchimba shimo la urefu wa Mita 30 hadi kwenye bomba la maji machafu ambalo alilitumia kutorokea.@millardayo
pic.twitter.com/GJR4h2mWTw— SIMON F.MACHIBYA🇹🇿 (@Simon_Machibya) September 23, 2020
Индонезиските полициски службеници велат дека ова спектакуларно бегство е планирано најмалку пет до шест месеци.
Чаи, кои го нарекуваат кинескиот Ел Чапо, со тоа станаа еден од најбараните бегалци во Индонезија, а властите презеле мерки да го спречат да избега од земјата.
Чангпанг бил осуден на смрт во 2017 година откако бил прогласен за виновен за шверц на 110 килограми синтетичка дрога метамфетамин. Сепак, полицијата потенцира дека ова не е првпат Чангпанг да избега од затвор. Додека го чекал судењето, ископал дупка во бањата со помош на железна шипка, преку која избегал, но со себе зел и некои други затвореници. Тие биле пронајдени три дена по бегството и се вратија во затворските ќелии.