Кинескиот ровер започна со истражување на површината на Марс

од Vladimir Zorba

Кинески моторизиран ровер со далечинско управување се спушти од својот слетувач на Марс и тргна да ја истражува површината на црвената планета, објави кинеската вселенска управа.

„Роверот со соларен погон ја допре земјата на Марс во 10.40 часот по пекингшко (4.40 часот по средноевропско време)“, соопшти кинеската национална вселенска управа.

Роверот слета на Марс минатата сабота, во технички предизвикувачка мисија која е потешка од слетувањето на Месечината. Тоа е првата кинеска мисија на Марс.

Кина е втора земја што слета ровер на Марс, по САД.

Роверот, наречен Јуронг, по кинескиот Бог на огнот, направил дијагностички тестови неколку дена пред да започне со истражување денес. Се очекува да истражува 90 дена дали има докази за живот на Марс.

Кина има амбициозни вселенски планови, вклучително и лансирање орбитална станица со екипаж и спуштање човек на Месечината. Во 2019 година, Кина стана првата земја што слета со вселенско летало на малку истражуваната страна на Месечината, а во декември ги врати карпите на Месечината на Земјата за прв пат од 1970-тите.

Во моментов, САД имаат мисија и на Марс, американскиот ровер „Упорност“ и мал хеликоптер ја истражуваат планетата.

Американската вселенска агенција НАСА очекува нивниот ровер да ги собере првите примероци во јули за да се врати на Земјата за десет години.

Слични содржини