Кинеското МНР: САД, а не Кина, го снабдуваат со оружје украинското бојно поле

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави, а не Кина, го снабдуваат со оружје украинското бојно поле.

Ванг ова го изјави на брифинг со новинарите, одговарајќи на прашање во врска со наводите на американски извори, според кои Русија користи кинеска муниција во војната против Украина, пренесува „Ројтерс“.

Коментирајќи го издавањето на налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Ванг рече дека судот треба да заземе „праведен став“.

Слични содржини