Кинези преговараат за производство на автомобили во Русија

од Vladimir Zorba

Кинескиот производител на автомобили Chery преговара со руски компании за производство на автомобили во Русија, објави во четвртокот новинската агенција ТАСС, цитирајќи го директорот на руската филијала на Chery.

„Прво во нашите планови е потребата од локализирање на производството на руска територија“, изјави директорот Владимир Шмаков.

Тој додаде дека сака да ја зголеми продажбата на автомобили Chery во Русија оваа година на 80.000 до 100.000 возила, пренесe ТАСС.

Chery е деветти по големина производител на автомобили во Кина, со 959.000 продадени возила во 2021 година. Минатата година во Русија продаде 40.874 возила.

Слични содржини