Кинезите носат примероци од Месечината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кинеската сонда „Chang’e-5“ полета од Месечината носејќи примероци од почвата на Месечината кон Земјата.

Кинеско вселенско летало ќе донесе на Земјата камења од природниот сателит за прв пат по 44 години. Сондата што ги зеде примероците треба да се спои во орбитата на Месечината со леталото што ќе го донесе на нашата планета.

Спојувањето, кое ќе трае 3,5 часа, треба да се случи во сабота, а конечното враќање на Земјата ќе започне неколку дена подоцна, во зависност од планетарниот „прозорец“, што ќе и помогне на гравитацијата на Месечината да го забрза леталото кон Земјата.

Патувањето до Земјата треба да трае 112 часа, а леталото ќе слета во кинескиот регион Внатрешна Монголија.

Слични содржини