Кинезите панично ги празнат маркетите (ВИДЕО)

од Milan1

Препораката од кинеското Министерство за трговија дека е неопходно да се создадат резерви на храна предизвика паника кај Кинезите. Храната е многу чувствително прашање во Кина. Големиот глад во текот на 1950-тите и 1960-тите доведе до смрт на десетици милиони луѓе.

Пораката ги повикува локалните власти да се погрижат нивните граѓани да имаат „соодветно снабдување“ со основни потреби оваа зима. Исто така, им наложува да ги одржуваат цените на храната стабилни, што е загрижувачко во последниве недели бидејќи екстремните временски услови, недостигот на енергија и ограничувањата предизвикани од коронавирусот му се закануваат на снабдувањето, објави Си-Ен-Ен.

Едно видео, објавено на кинеската социјална мрежа Веибо, покажува долги редици на купувачи во Чангжу, град во провинцијата Џиангсу. Нивните колички се полни со производи и други залихи, додека полиците на продавниците се празни.

Слични содржини