Кира Најтли: Не сакам повеќе мажи да ме снимаат гола и да зјапаат во мене

од Stefanija Kuzmanovska

Британската актерска ѕвезда Кира Најтли изрази вознемиреност околу снимањето на интимни сцени, велејќи дека повеќе нема да го прави тоа доколку филмот го режира маж, пренесува „Гардијан“.

Во интервјуто со режисерката Лулу Ванг и продуцентката и писателка Дајен Солвеј на подкастот Chanel Connects, Најтли рече дека одлуката ја донела поради „машкото зјапање“, но и поради сопствената суета.

„Ако сакав да направам приказна за мајчинството и прифаќањето на телото, мислам, жал ми е, но тоа треба да биде со режисерка. Не поставувам апсолутна забрана, но некако не сакам со мажи“. Додава дека сигурно не сака да бидат оние грозни секс сцени каде што сите зјапаат. „Тоа воопшто не ме интересира“, вели Најтли.

После тоа, таа рече дека ѝ е сосема јасно дека има делови од филмот каде сексот одлично се вклопува, но тогаш ви треба некој што е навистина „жежок“.

„И затоа земете некој друг затоа што имам прекумерна тежина и моето тело имаше две деца досега и едноставно не би сакала да стојам гола пред група голи мажи“, вели актерката.

Слични содржини