Кирацовски: Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја исправиме неправдата од режимот

од Aleksandar Todeski

ВМРО-ДПМНЕ одлучи свесно да продолжи со истиот начин на делување како во време на режимот, кога лустрацијата се користеше како сатанизација на политички неистомисленици, рече претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Александар Кирацовски.

„Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ сите заедно да ја исправиме неправдата која беше нанесена во време на режимот. Кворумот ќе биде овозможен и без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално половина час стоеја пред вратата на комисијата и го блокираа почетокот на комисијата. Неправдата може да се исправи на многу различен начин од оној кој го воведе режимот на Груевски. Им се извинувам и жалам за сторените неправди на сите оние кои беа лустрирани, а не требаше да бидат, кои преку укинувањето на лустрацијата на некој начин ќе биде исправена неправдата“, рече Кирацовски.

Тој рече дека за половина час ќе имаат кворум без ВМРО-ДПМНЕ, со што нема да има пречка од деловнички аспект, но рече дека очекува опструкции на се друго. Пратеникот се надева дека до распуштање на Собранието ќе успејат да ги процесуираат сите амандмани кои ќе бидат поднесени од опозициската партија.

А.Т.

Слични содржини