Кирацовски: Кон блокадата се приклучија и ДУИ, се надевам дека имаат силни аргументи

од Aleksandar Todeski

Исправувањето на историската неправда направено кон политички неистомисленици мора да ја исправиме. Процесот на поништување на лустрацијата мора да продолжи, се надевам ќе најдеме начин да се направи, рече претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.

„Со жалење морам да констатирам дека покрај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на блокадата се приклучија и ДУИ и ДПТ, за кои се надевам дека имаат силни аргументи кои ќе ги споделат со нас и јавноста, затоа што ваквото несериозно однесување од овие три партии не е дозволено во законодавниот дом“, рече Кирацовски.

Тој кажа дека седницата ќе биде презакажана тогаш кога ќе биде обезбеден кворум и изрази надеж дека ќе се изнајде решение за блокадата. Според пратеникот, присуството на министерката за правда, Рената Дескоска е ирелевантно.

А.Т.

Слични содржини