Кирјанова: Вака се однесува сопругот кој не ја сака својата сопруга!

од Vladimir Zorba

Ана Кирјанова е позната како еден од најдобрите психолози во Русија. Ова е нејзиниот заклучок за сопрузите кои не ги сакаат своите жени:

Не ве сака ако: Не ве гушка спонтано, не зборува со вас за мали нешта, не ви се јавува да види како сте среде работниот ден …

Не ве сака ако: не можете да сметате на неговата помош. Кога треба да се грижите за него како тој да е петгодишен, а не четириесет и петгодишен маж.

Не ве сака ако: кога ве исмева. Кога тој не ве забележува вас, вашиот напор и работа. Кога тој ќе ви каже дека јадете многу или дека тој не може да ја јаде вашата храна затоа што не е како што тој навикнал.

Не ве сака ако: постојано се меша во она што го правите, ги подметнува своите одлуки како ваши, кога ќе ви каже дека зборувате глупости, дека не размислувате со главата, дека сте глупави ако мислите така …

Не ве сака ако: кажува тоа е твоја вина.

Не ве сака ако: ништо не одобрува она што го правите или велите.

Не ве сака ако: „Те сакам“ треба да го просите од него.

Ако вашиот сопруг не ве сака, со текот на времето може да станете грда, збунета, срамежлива, несмасна – затоа што жената станува таква од недостаток на љубов.

Слични содржини