Кирјас: Кога ќе видите дека Јанша се дружи со Орбан, тогаш има простор за реакција на нон-пејперот

од Nikola Popovski

„Кој го следи политичкиот активизам на Јанша, нема да се изненадат доколку некои контроверзни идеи не произлегуваат од Канцеларијата или мислите на словенечкиот премиер. Тоа ја тангира од прв ред БиХ, но видовме од тие написи дека прекројување на границите се однесуваат и на Македонија“, вели дипломатот Емил Киријас, коментирајќи го наводниот нон-пејпер на Јанез Јанша до ЕУ.

Според него, имајќи предвид со кого милува да се дружи словенечниот премиер, а тоа е унгарскиот премиер Виктор Орбан, тогаш навистина има простор за реакција, која што не мора да значи дека директно ќе се негира дали постои или не таков нон-пејпер.

„Мора постојано да се кажуваат нашите тези дека прекројувањето на границите мора да е нешто што е дел од наративот на екстремната десница, дел од минатото и дека нма никаква иднина во Европа во 21-от век“, истакнува дипломатот, додавајќи дека во извештајот на американските разузнавачи, во нивните визии за иднината се горови за тешки времиња во наредните две децении.

„Според нив, одредени демократии ќе се распаднат. Можно е да се случат огромни тектонски поместувања во светската политика“, рече Киријас за емисијата „Студио 10“.

Балканот во изминатите неколку дена е потресен од наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша во кој се предлага прекројување на границите на просторот на поранешна Југославија и распад на БиХ, односно подразбира создавање на т.н. „Голема Србија“ и на „Голема Албанија“.

Слични содржини