Кирјос доживеа емоционален слом: „Не знам уште колку ќе играм тенис“

од Vladimir Zorba

Ник Кирјос претрпе пораз од 6: 3, 6: 4 од Стефанос Цикипас на „Лејвер Купот“, што го поднесе прилично лошо.

Толку многу што австралискиот тенисер практично објави дека наскоро може да ја заврши кариерата, што доста ги исплаши неговите фанови.

По поразот, Кирјос емотивно им се обрати на присутните и рече дека ова е последен пат да настапи на „Лејвер купот“, и дека неговата мајка има здравствени проблеми.

– Ова е веројатно мојот последен „Лејвер Куп“. Не знам уште колку ќе играм тенис. Ова е дефинитивно мојот последен турнир оваа година. Ќе го подготвам телото за Австралија опен следната сезона“, и рече Кирјос на публиката.

Следеше емоционален слом, кога откри дека има семејни проблеми.

– Здравјето на мајка ми не е добро. Би сакал да се вратам дома и да ја видам, рече Кирјос.

Слични содржини