Кирјос и Кокинакис на чекор до титула во Мелбурн, направија шоу пред 7.000 луѓе! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис успеаја да се пласираат во финалето на Австралија Опен.

Дублот од Австралија ги победи Марсел Гранолерс и Хорас Себаљос во два сета – 7:6 (7:4), 6:4.

Повторно беше интересно на трибините на арената „Род Лејвер“, каде имаше околу седум илјади навивачи, кои им пружија голема поддршка на домашните тенисери.

На крајот, последниот поен беше врвот на еуфоријата, состојба на целосна радост поради успехот на домашните натпреварувачи, кои можеа да го прослават овој голем резултат.

Кокинакис и Кирјос скокнаа во прегратка, легнаа на теренот и ја споделија радоста.

Во финалето на Австралија Опен ќе играат две домашни двојки, бидејќи тандемот Ебден / Персел ги победи Рама и Салисбери со 6:3, 7:6 (11: 9).

Слични содржини