Кирјос има нов непријател: „Се однесува како дете“

од Nikola Popovski

Новозеландскиот тенисер Мајкл Венус го критикуваше Ник Кирјос за неговото однесување за време на нивниот меч на Австралија Опен.

Венус заедно со Германецот Тим ​​Пук, загуби во двојки на Австралија опен од Кирјос и Танаси Кокинакис, а мечот не помина без драма.

Покрај тоа што контроверзниот Австралиец погоди момче во глава со топче, публиката постојано навиваше против Пук и Венус, честопати надминувајќи ги границите на пристојноста.

Ник и Танси уживаа, а Венус ги обвини дека ги поттикнуваат фановите да навиваат непристојно.

„Јасно е зошто никогаш не го исполнил својот потенцијал и веројатно никогаш нема да го исполни. Тоа ниво на неговата зрелост… Веројатно ќе бидам благ ако кажам дека е на ниво на 10-годишно дете“, изјави Венус за „ТВНЗ“ и додаде:

„Се чувствував како да сум во циркус, а не на тениски натпревар. Ја кренаа публиката меѓу сервисите и ги охрабрија да навиваат во такви моменти. Мислам дека тоа не беше учтиво“.

Во моментов, 15-от дубл играч на планетата смета дека Кирјос би бил лут доколку улогите се сменат.

„Знаете дека Кирјос ќе полудеше ако улогите беа сменети. Веќе беше лут на самиот себе. Неверојатно е, тој може да сервира со топчето и да го удри детето, а потоа само затоа што му дал рекет, луѓето подоцна ќе зборуваат дека е добро момче“, подвлече 34-годишникот од Оукленд.

Слични содржини