Кирк Даглас не му остави наследство на Мајкл: Еве каде ќе завршат неговите пари

од Elena Daskalova

Кирк Даглас почина на 5 февруари оваа година, а како што наведува „Мирор“, тој во наследство оставил богатство од 60 милиони долари.

Но, ниту едно од неговите деца нема да го добие тоа богатство, туку ќе биде наменето за добротворни цели. Како што вели „Мирор“ Кирк не му оставил пари на својот син Мајкл, за кој податоците велат дека „тежи“ околу 300 милиони долари.

Кирк Даглас оставил тестамент, според кој своите пари им ги оставил на неколку корисници. Вкупно 50 милиони долари ќе бидат донирани преку фондацијата „Даглас“, која тој ја основаше со неговата сопруга Ана. Долги години Кирк Даглас е познат по добротворните придонеси.

Кирк Даглас и сопругата Ана речиси целиот живот го поминаа учествувајќи во дарежливи донации.

Слични содржини