Кисинџер го смени ставот за рускиот напад врз Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски државен секретар и геостратег Хенри Кисинџер го смени ставот за рускиот напад врз Украина.

Неговото мислење сега е дека Украина не треба да отстапи ниту еден дел од својата територија во евентуалните мировни преговори. Во исто време, во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Кисинџер го повика Западот да биде јасен за тоа за што може, а за што не може да се преговара.

Тој посочи дека темите на разговор треба да се утврдат во консултација со Украинците.

Ваквиот став на Кисинџер е сосема спротивен од оној што го имаше во мај. Имено, на Светскиот економски форум на кој зборуваше и украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина треба да отстапи дел од својата територија за да се воспостави мир, пренесува сараевскиот портал Klix.ba.

Изјавата на Кисинџер беше критикувана ширум светот, а ја осуди и Зеленски, кој на американскиот геостратег му порача дека „неговиот календар е како во 1938 година, а не во 2022 година“.

Слични содржини