На Доналд Трамп му недостасува меѓународно искуство, а Москва и останатите треба да го научат на правилата на игра, смета поранешниот американски дипломат Џон Брејди Кислинг, кој го предупредува претседателот на САД да не оди кон ескалирање на тензиите со Русија.
Тој истакна дека инстинктот на Трамп работи се спротивно од она што го правел неговиот претходник Барак Обама.
Според Кислинг, целта треба да биде да се научи Трамп, а Русија мора да направи повеќе отколку досега, за да објасни како меѓународната заедница може да го направи тоа што е потребно во Сирија.
– Владимир Путин има многу повеќе искуство и неговиот ривал ќе мора да ги научи правилата на игра, додаде Кислинг, кој е еден од групата американски разузнавачки ветерани кои го потпиша отвореното писмо до Трамп.
Во тој документ, кој е објавен откако САД истралаа ракети врз воено воздухопловната база во Сирија, тие го повикаа американскиот претседател да спречи натамошна ескалација на тензиите со Русија поради Сирија, што лесно може да доведе до нуклеарен конфликт.