Китев: ВМРО-ДПМНЕ не сака судска завршница на предметите од СЈО

од Viktor Jovanov

Со ВМРО-ДПМНЕ тргнуваме од 2 различни позиции во обид да дојдеме до договор за законот за Јавно обвинителство. Од оние информации кои ги имам ставот на СДСМ и коалицијата е многу јасен, сакаме да има завршница на случаите, ВМРО-ДПМНЕ опонира посериозно на тоа и тоа е причината зошто имаме блокада во преговорите, вели пратеникот од СДСМ Бетиане Китев.

-Деблокирањето ќе биде значаен чекор во доубедувањето на земјите членки на ЕУ кои го нагласуваат овој договор да биде со консензус. Оптимист сум дека во наредниот период ќе се доближат ставовите за да може парламентот до распуштањето да го усвои овој закон.

Според него политичките партии мора да најдат форма за присуство на луѓето кои ја гонеа и ќе ја гонат високата корупција. Китев повика на одговорност кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Слични содржини