Кладилниците предвидуваат дека ова име ќе го изберат Меган Маркл и принцот Хари за бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Дали парот ќе го именува своето мало девојче по дедото на Хари? Ако им се верува на обложувалниците, одговорот е да.

По смртта на принцот Филип, британската обложувалница Ладброкс вели дека популарноста на името Филипа расте како сè почест избор за името на бебето на Меган Маркл и принцот Хари.

Ако го одберат тоа име, не би направиле ништо поразлично од другите членови на кралското семејство. Братучедите на Хари, принцезата Евгени и Зара Тиндал му оддадоа почит на нивниот дедо непосредно пред неговата смрт. Тие го избраа името Филип како средно име за своите синови.

Меѓу фаворитите се имињата Дајана и Елизабет, а се споменуваат и имињата Алегра, Александрија, Грејс, Ема, Роуз, Алиса и Викторија.

Синот на Меган Маркл и принцот Хари го прослави својот 2-ри роденден, а во летните месеци тие исто така ќе станат родители и на девојче.

Слични содржини