Кларксон вербално ја нападна Грета: Замолкни и врати се во школо


Џереми Кларксон и порача на Грета Тунберг да „замолкне и да се врати во школо“.

Водителот кој никогаш не бира зборови на 16-годишната девојка која предупредува на климатските промени ја нарече „луда и опасна„ за време на промовирањето на новата сеозна на шоуто The Grand Tour.

– Таа е луда и опасна, со својот идиотизан ги доведува децата до бессони ноќи. Мислам дека треба да замолкне и да се врати во школо – рекол Кларксон.

Неколку дена пред тоа во интервју за The Independent Грета ја нарече „глупа идиотка“. Додаде дека нејзиниот говор во Обединетите нации, во кој истакнала дека и ги украле соништата и детството, не нуди баш никакви решенија.

„Мислам дека е чудна Швеѓанка со тежок карактер. Ништо не постигнува со пловењето преку океанот на јахти кои трошат гориво и лажењето за моторите на тие продови – рекол.

Тој додал дека и тој самиот е свесен за климатските промени веќе некое време, „а сега чудната Швеѓанка трча наоколу и вика дека ќе умреме па сите сме свесни“.

„Наместо да скока горе-долу и да мафта со рацете, би можела да отиде негде и да каже: Погледнете што се климатските промени и што направиле овде. Што сакате сега од мене? Да скокнам на јахта и да одам да му викам на Трамп“, додал.

Слични содржини