Класично сина – ова е бојата на годината за 2020

од Elena Daskalova

Следната година, се чини, ќе гледаме многу сина боја, со оглед на тоа што Pantone ја избраа класичната сина за боја на 2020 година.

Се работи за нијансата која потсетува на самрак. Според Лори Пресмен, кој е извршен директор во Pantone Color Institute, ова е боја која најавува што ќе се случи следно, што носи иднината кога ќе зајде сонцето и ќе настапат вечерните часови.

Повеќе од 20 години, Pantone прогласува боја на годината, која станува тренд во светот, ја има на билборди, реклами, се користи во дизајнот и во модата. Често бојата на годината ја гледаме и во храната, украсувањето, а истата најавува и влијае врз уметноста, медиумите, филмовите, технологиите…

Па, би сакале ли класичната сина да стане ваше секојдневие?

Слични содржини