Кластерот „журки во Охрид“ се шири

од Берта Китинска

Младите изминатиот продолжен викенд ги преплавија туристичките места.

Низ социјалните мрежи беа објавувани видеа и фотографии на кои се гледаа масовните забави од журките во Охрид. Забавите завршија со пријави за сопствениците а за последиците и бројот на заболени од забавите ќе се знае во следните 10 денови.

Во тек се епидемиолошките анкети, за да се утврди со кого позитивните лица на Ковид 19 имале контакт.Вчера во Охрид според статистиката на Министерството за здравство беа регистрирани  297 случаи од кои активни се 89 лица.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов во интервју за „Радио Слободна Европа“, вели дека медицинскиот персонал е преморен, а прашање е и до кога здравствениот систем ќе може да го подонесе и финансискиот товар од корона кризата. Стојановски вели дека младите се поактивни, а со тоа и поизложени на вирусот, додека пензионерите повеќе внимаваат.

Кај младите знаете како е, велат – Мене ништо не ми е, тоа се случува на некој друг. Но факт е дека заболуваат и завршуваат во болница. Не се сите тешки случаи, почесто се полесни, но тие што ќе завршат на респиратор имаат голем проблем. Зошто е тоа таа не можам да ви кажам. Нема ниту еден валиден доказ зошто е тоа така, дури и кај луѓе што немаат коморбидитети, дури и кај спортисти се среќаваат такви нагли промени во здравјето“-рече Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 65 во Охрид, 12 во Струга и 22 во Кичево.

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Слични содржини