Клековски: Законот за ЈО треба да биде донесен пред распуштање на Собранието

од Viktor Jovanov

Очекувано беше да има предвремени избори, приортите на оваа влада беа ЕУ и НАТО, тоа целосно засега не се успеа и затоа беше логично да има избори, вели аналитичарот Сашо Клековски. Тој смета дека до сега двете најголеми политички партии во државата не биле доволно посветени на интеграциите, а тоа може да се забележи по недонесувањето на законот за јавно обвинителство.

-Ако навистина сите заедно беа посветени на интеграциите ќе го донесеа законот за Јавно обвинителство , за да не остават тоа да биде точка за одложувње на почетокот за преговори со ЕУ, вели Клековски.

Тој смета доколку политичките партии влезат во изборна кампања која ќе биде главно негативна тоа ќе биде хендикеп во нашите ЕУ перспеткиви.

-Доколку партиите до распуштањето на Собранието го донесат законот за ЈО и во кампања се говори за план А или Б за ЕУ тогаш изборите можат да бидат корисни, вели Клековски.

Слични содржини