Клер Вејт Келер e најдобар Британски дизајнер во 2018 година

од Vlatko K

Креативната директорка на модната куќа „Живанши“, Клер Вејт Келер ја освои наградата за најдобар британски дизајнер на годината за колекциите женска облека, соопшти Франс прес.

Наградата и беше доделена од Меган Маркл, чија венчаница беше дизајнирана од Келер.

„Мило ми е што сум овде за да ја прославам британската мода”, рече Војвотката од Сасекс во присуство на многумина познати личности на годишната церемонија за британските модни награди во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон.

Поранешната холивудска актерка, која е бремена, ја поздрави визијата и креативноста на Клер Вејт Келер, но и нејзиниот добар темперамент.

Тие се сретнаа на почетокот на годината пред модниот дизајнер да го создаде фустанот, кој го носи Меган на својата венчавка со принцот Хари на 19-ти мај.

Вивиан Вествуд доби специјална награда за позитивни промени поради нејзината посветеност воборбата против климатските промени.

Седумдесет и седум годишната икона на панк модата ја искористи можноста за да го посочи „скапаниот финансиски систем“, кој е причината за „сите наши проблеми“.

Наградата за манекенка на годината беше доделена на 17-годишната Каја Гербер, која тргна по стапките на мајка си – Синди Крофорд.

„За мене е голема чест да ја добијам оваа награда“, рече Каја. „Мојата улога во презентирањето на креативната визија е мала, но јас сум благодарна што сум дел од неа“.

Модната куќа „Гучи“ ја доби наградата за бренд на годината, а Пјерпаоло Пичоли – награда за
најдобар дизајнер.

 

Слични содржини