Кличко: Киев го очекува „најлошата зима од Втората светска војна“

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за Билд предупреди дека главниот град на Украина се соочува со „најлошата зима од Втората светска војна“ по серијата руски напади врз енергетската инфраструктура на градот.

– Жителите на Киев мора да бидат подготвени за „најлошото можно сценарио“ за масовен недостиг на електрична енергија при ниски температури, рече тој.

– Доколку се случи ова сценарио, ќе треба да евакуираме делови од главниот град. Но, ние не сакаме да дојде до тоа, рече тој.

Тој го обвини Владимир Путин дека се обидува да ги заплаши луѓето и да ги принуди да го напуштат градот со гранатирање на цивилната инфраструктура.

– Путин сака да ги тероризира луѓето, сака тие да замрзнат, да останат без светлина. Но, тоа нема да се случи. Имам впечаток дека гневот и решителноста кај луѓето само ќе се засилуваат. Нема да умреме или да бегаме како што сака Путин, рече тој.

Слични содржини