Кличко: На Украина ѝ е потребна помош за изградба на европска иднина одвоена од Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за обнова за „да изгради европска иднина одвоена од авторитарната и диктаторска Русија на Владимир Путин“.

Кличко, градоначалник на Киев од 2014 година, рече дека главен приоритет на Украина е да победи во војната, но дека долгорочна цел е обнова на земјата, пишува „Гардијан“.

Кличко се надева дека реконструкцијата ќе помогне да се вратат милионите луѓе кои ги напуштија своите домови.

Нашиот следен чекор е реконструкција на земјата и спроведување на бројни реформи за да бидеме во Европа по квалитет на живот, не само географски, рече градоначалникот на Киев.

Слични содржини