КЛИЧКО: Намерата на Путин е да смрзнеме! Не му требаат Украинци, му треба територија!

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните недели, милиони Украинци беа понекогаш без струја и вода, бидејќи руските воздушни напади беа насочени кон клучната енергетска инфраструктура. Како што јавува Би-Би-Си, 40 отсто од енергетскиот систем на Украина е уништен или оштетен поради руските напади врз електрани и далноводи. Поради оваа причина, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги предупреди жителите дека треба да бидат подготвени да го напуштат градот во случај на целосен прекин на електричната енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија би можела „да ги концентрира силите и ресурсите за можно повторување на масовни напади врз нашата инфраструктура, особено енергијата“. Женевските конвенции, кои ги опишуваат хуманитарните стандарди за водење војна, инаку предвидуваат дека не смеат да се вршат напади врз цивилни објекти.

„На Путин не му требаме ние, Украинците. Му треба територија, му треба Украина без нас“, изјави Кличко, поранешен боксер. „Затоа сè што се случува – сите напади на критичната инфраструктура – е геноцид. Намерата на Путин е ние да умреме, да замрзнеме или да не принуди да избегаме од нашата земја за да ја има“.

Кличко увери дека властите прават се за да ги запалат светлата и водата да тече; нагласи и дека се подготвени за различни сценарија.

Слични содржини