Кличко: Ова е голем терористички напад, се закануваат нови напади

од Берта Китинска

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот канал Телеграм објави нова информација за рускиот ракетен напад врз главниот град на Украина.

Тој вели дека „руските варвари извршија голем терористички напад“ врз Киев, во кој во нападот утринава загинаа најмалку пет лица.

„Утринава и во текот на денот беа погодени неколку области на Киев, особено центарот на градот. Избезумениот агресор погоди и неколку важни инфраструктурни објекти“, рече Кличко, додавајќи дека „досега е потврдена смртта на пет лица, а 51 лице се повреден.”

Слични содржини