Кличко: По рускиот ракетен напад делови од Киев без струја и вода

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека некои делови од главниот град на Украина се без струја и вода по ракетниот напад утринава од руските сили.

Кличко на Телеграм изјави дека цел биле витални инфраструктурни објекти, пренесува „Интерфакс Украина“.

Претставници на регионалните власти во Украина соопштија дека утринава руските сили извршиле ракетни напади врз неколку украински градови и региони, вклучувајќи ги Киев, Запорожје, Харков, Миколаевската област, Виницката и Черкаската област.

Слични содржини