Климатскиот самит во Глазгов: По Бајден, заспа и Џонсон (ФОТО)

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон е фотографиран како спие за време на една од конференциите на самитот COP26 што се одржува во Глазгов.

Фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи. Џонсон е без маска на неа, што предизвика лавина коментари за тоа колку е привилегиран.

Исто така, дел од твитерџиите започнаа дискусии дали премиерот е пијан или само уморен. Интересен коментар напишала на Твитер, една лекарка кој забележала дека Џонсон не носи маска.

„Кога седите покрај 95-годишниот Сер Дејвид Атенборо и сè уште не можете да носите маска. Или дури и да останете будни“, изјавила таа и во следниот твит потсетила дека и самиот британски премиер бил заразен со коронавирусот, поради што бил дури и во болница.

Еден ден претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени.

За потсетување, конференцијата COP26 што се одржа во Глазгов се смета за клучна за иднината на планетата. Конференцијата која требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложена поради круната, ќе трае две недели.

Слични содржини