Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција

од Nikola Popovski

Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно. Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.

„Серијата земјотреси во Турција кои одзедоа голем број животи, уште еднаш потврдија дека солидарноста е најважна за човештвото. Скопје е град на солидарноста, дел од нас се соочиле со ваква голема несреќа и трагедија и затоа солидарноста треба да продолжи и да се помогне на овие луѓе на секаков можен начин. Изразуваме сочувство до турскиот народ за последиците од овој трагичен настан“, велат од Клиника Жан Митрев.

Слични содржини