Клиниката за торакална и васкуларна хирургија ја доби најсовремената операциона сала во државава

од Vladimir Zorba

Новиот болнички оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во Северна Македонија и регионот која ги исполнува највисоките стандарди за давање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните.

Од Министерството за здравство потсетија дека салата, која беше пуштена во употреба во јануари оваа година, претходно била целосно запуштена и воопшто не се користела. Салата е изградена од темел и опремена е со најсовремена медицинска опрема.

-Во јануари ја пуштивме во употреба новата операциона сала и болничкиот оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Салата е една од најсовремените операциони сали кај нас и во регионот, а ги исполнува и највисоките стандарди за давање на квалитетна здравствена заштита. Изградена е од темел. Претходно овој простор беше целосно запуштен. За две ипол години ги подобриме условите во повеќе од 30 јавно-здравствени установи. Не запираме додека не го зајакнеме нашето јавно здравство!, напиша министерот Венко Филипче.

Слични содржини