Клиниките за абортус во САД почнаа да се затвораат, демонстранти излегоа на улиците

од Vladimir Zorba

Клиниката за абортус Литл Рок во Арканзас ги затвори вратите веднаш по одлуката на Врховниот суд.

Според медиумите, жените биле информирани дека нивните термини се откажани.

– Колку и да се подготвуваме за лоши вести, кога конечно ќе стигнат, удираат силно. Тоа што мораме да ги повикаме овие пациенти и да им кажеме дека пресудата „Ро против Вејд“ е поништена е срцепарателно“, изјави за Би-Би-Си медицинската сестра Ашли Хант.

Оваа одлука на американскиот Врховен суд го поништи федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години. Речиси половина од државите веќе донесоа или ќе донесат закони за забрана на абортусот, додека други донесоа строги мерки со кои се регулира процедурата, а се очекуваат дополнителни ограничувања.

Тоа значи дека милиони жени во САД ќе го изгубат правото на легален абортус, а поради оваа одлука демонстрантите излегоа на улиците во неколку градови.

Во Феникс, Аризона, полицијата употреби солзавец откако демонстрантите удираа на вратите и прозорците.

Насобраните граѓани во Лос Анџелес накратко го блокираа сообраќајот на автопатот.

Слични содржини