Клиперс заминаа во Дизниленд без Ленард

од Vladimir Zorba

Каваи Ленард, најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, не отпатува со екипата во Орландо, каде сезоната на најсилната лига во светот продолжува кон крајот на јули.

Според ЕСПН, Ленард не патувал на Флорида од семејни причини, а се очекува тој да се приклучи на Клиперс за неколку дена.

До крајот на сезоната во март, Ленард имаше просек од 26,9 поени, 7,3 скока и пет асистенции по натпревар. Еден е од најзаслужните што Клиперси го заземаат второто место во Западната конференција со резултат 44-20, зад градскиот ривал Лејкерс (49-14).

Со средбата на двата тима од Лос Анџелес ќе продолжи сезоната во НБА лигата на 30 јули, во која секоја екипа ќе одигра осум натпревари до плеј-офот.

Покрај ова градско дерби, на програмата е и натпреварот Јута – Њу Орлеанс.

Слични содржини