Клоп: Ако не сте храбри против Ман Сити, не можете да освоите бод

од Maja Serafimova

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е уверен дека неговиот тим треба да биде храбар и да го одигра најдобриот натпревар што може за да го победи Манчестер Сити. Двајцата големи кандидати за титулата во Премиер лигата се соочуваат на „Енфилд“ во недела, со тоа што тимот од Мерсисајд има девет бода предност шампионите.

– Не можеме да бидеме само офанзивни. Ако еден тим не е доволно храбар против Манчестер Сити, нема шанси да освоиме ниту еден бод. Мора да бидеме храбри и ние. Мора да ја играме нашата најдобра игра. Сите на стадионот треба да бидат во врвна форма, рече Клоп на денешната прес-конференција.

Германецот објави дека Вирџил ван Дајк и Џордан Хендерсон, кои го пропуштиле втренингот оваа недела, се подготвени за дербито во недела.

– Вирџил не беше со нас во четвртокот, но причината не е поврзана со повредата. Таа е сосема различна и тој е во ред. Џордан е исто така здрав сега. Жоел, сепак, не е подготвен, како што е ситуацијата и со Шакири и Клајн, вели Клоп.

Слични содржини