Клоп: Фирмино нема да игра, за останатите Бразилци се уште не се знае

од Nikola Popovski

Фудбалскиот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека Фирмино нема да биде во составот за неделниот натпревар против Лидс поради повреда, додека за другите Бразилци ништо не се знае, поради ковид-протоколот, на кој беа подложени

„Ситуацијата е многу тешка и многу незгодна за сите клубови, особено за играчите. И играчите и клубовите сакаат тие да играат натпревари, но во овој момент се уште не е познато дали ќе можат“, рече Клоп на прес -конференција, пренесува Би-Би-Си.

Клоп изјави дека сето ова изгледа како казна за играчите бидејќи не можат да играат.

„Ова е вистинска казна за играчите. Ова е нивна работа, тие го прават она што го сакаат и навистина не е во ред да им го скратите тоа. Разбирам дека светот се уште е во пандемија, но играчите се тестираат три пати неделно и се однесуваат сосема поинаку од другите“, рече Клоп.

Бразил претходно се пожали и побара од Светската фудбалска федерација да го забрани настапот на осум репрезентативци, од 10 до 14 септември во клубовите од Премиер лигата. Тие беа повикани за квалификациите за СП, но не се појавија поради задолжителниот карантин по нивното враќање во Обединетото Кралство.

„Се уште не сме сигурни кој ќе може да настапи за викендот, но во целата ситуација, тоа е најмалиот проблем“, рече Клоп.

Слични содржини