Клоп го изедначи рекордот на Гвардиола, Александар-Арнолд e бр.1 за декември

од Nikola Popovski

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, ја освои наградата играч на месецот на Премиер лигата за декември. Тоа е прва ваква награда за англискиот репрезентативец, кој постигна гол, три асистенции и неговиот тим забележа три чисти мрежи на пет натпревари во Премиер лигата во декември. Александар-Арнолд, исто така, му помогна на тимот од Мерсисајд да го освои својот прв трофеј во Светското клупско првенство.

Втор последователен месец, играч на Ливерпул ја освои наградата, откако во ноември таа беше освоена од Садио Мане.

Наградата менаџер на месецот му припадна на Јирген Клоп, кој ја освои наградата веќе трет месец по ред и по четврти пат од почетокот на сезоната. На овој начин, Германецот го израмни рекордот на Пеп Гвардиола за најмногу први места во една сезона. Шпанецот го забележа истото достигнување во сезоната 2017/18, но Клоп пред себе има скоро половина кампања за подобрување на тој рекорд.

– Во овој момент, мојата единствена мисла е да ја освојам оваа награда и во јануари. Пред секој натпревар, имам такво чувство. Тоа нè одржува фокусирани. Ние сме подготвени да се бориме во текот на цела сезона, рече Клоп.

Слични содржини